Дома Трансфер зона Официјално: Лука Јовиќ е играч на Реал Мадрид!

Официјално: Лука Јовиќ е играч на Реал Мадрид!

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Лука Јовиќ е нов играч на Реал Мадрид.

Српскиот голгетер имаше фантастична сезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Реал Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал и Ајнтрахт денес и официјално го потврдија трансферот, но не ги открија финансиските детали. Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ за потписот на Јовиќ ќе платат помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Јовиќ ќе потпише договор со „кралскиот“ клуб до 2025 година, според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…