Пред два дена фудбалскиот свет беше шокиран од трагичната смрт на Хосе Антониот Рејес, а денес конечно се откриени причините поради кои неговиот автомобил излетал од патот.
Мерцедесот Брабус С550, со кој управувал Рејес, непосредно пред сообраќајната несреќа се движел со брзина од 237 километри на час.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во податоците од полицискиот записник за сообраќајката кои ги објави „Мундо Депортиво“ се додава дека при толку голема брзина Рејес нагло свртел и удрил на заштитната ограда на патот, притоа му пукнала гумата и целосно ја изгубил контролата врз возилото.
Според полицискиот записник, откако ја изгубил контролата, автомобилот поминал две ленти и влегол во спротивна насока, потоа удрил во бетонска ограда, се превртел врз неа и се запалил.
Несреќата се случила на автопатот A 376 од Севиља до Утрера. Се уште не се знае судбината на преживеаниот братучед кој седел на совозачкото седиште. Тој е во болница и има изгореници на 60% од телото.