Дома Фудбал Лига на шампиони Поранешниот вардарец Штербик за поразот во финалето жали поради една работа

Поранешниот вардарец Штербик за поразот во финалето жали поради една работа

Пред две години Арпад Штербик беше дел од тимот на Вардар која ја освои Европа, а вчера кога Вардар одново се искачи на тронот Штербик беше на спротивната страна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Штербик не го започна натпреварот поради повредата која ја заработи во натпреварот против Киелце, но сепак се одлучи да застане галот. Иако не залечен целосно од повредата Штербик запиша неколку одлични интервенции.

На крајот Вардар заслужено победи со 27:24.

„Не се здобив со скршеница, но не можев да одам утрото пред натпреварот. Имав болки во тетивата и отежнато се движев. Направив се што можам да помогнам, лошо започнавме, а така не можете да стартувате во едно финале. Лесно примавме голови, блокот не функционираше. Многу жалам поради Наѓ и Илиќ кои во последниот натпревар не успеаа да стигнат до трофеј“, порача Штербик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Првиот човек на Пелистер отворено за Кузмановски и Манасков: Добија одлични понуди!

Покрај промоцијата на новиот тренер Лино Червар, на денешната прес-конференција во Пелисте…