Манчестер Јунајтед и Арсенал се наоѓаат во многу слична ситуација, англиските гиганти нема да настапат во Лигата на Шампионите следната сезона.
Тоа не значи само помалку пари во клупската каса, туку често и невозможно да се доведе фудбалер од врвна класа. Еден од ретките примери би можел да биде играчот на ПСЖ, Томас Муние кој е отпишан од страна на Томас Тухел. Белгијанецот е проценет на околу 25 милиони евра што е вистинска ситница кога ќе се земе во предвид квалитетот кој десниот бек го поседува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што би можело да биде во предност на Јунајтед е личното определување на 27-годишниот фудбалер кој е навивач на „Црвените ѓаволи“, оваа сезона е дури и виден на трибините на „Олд Трафорд“ неколку пати. Во недостаток на вистински засилувања ова би бил полн погодок за двете екипи, а сосема е сигурно дека Парижаните ќе го пуштат да си оди доколку пристигне добра понуда.