Дома Фудбал Лига на шампиони Сега е шампион на Европа, а во 2012 година се жалел дека нема пари (ФОТО)

Сега е шампион на Европа, а во 2012 година се жалел дека нема пари (ФОТО)

Ливерпул вчера стигна до шестиот трофеј во својата историја во Лигата на шампионите откако во Мадрид го совлада Тотенхем со 2:0.

Ендрју Робертсон (25) левиот бек на Ливерпул стана шампион на Европа, а навивачите успеаа да пронајдат една негова интересна објава од 2012 година кога се жалел дека нема пари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Животот во овие години без пари е глупост“, напишал Роберстон на 18-ти август 2012 година во 22:12 часот навечер. Покрај објавата тој го додал хаштагот #needajob, односно ми треба работа.

Тогаш младиот Робертсон беше играч на Квинс Парк, а една година подоцна премина во Дунде Јунајтед, потоа играше и во Хал Сити, за во 2017 година да потпише за Ливерпул.

Од доаѓањето на „Енфилд“ тој стана еден од најдобрите леви бекови во светот.

Иако наговите почетоци биле тешки, сега е еден од најсреќните луѓе во светот. Оваа сезона за Ливерпул одигра 48 натпревари и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…