Еден ден после финалето во Лига Европа се одржа состанок помеѓу агентите на Маурицио Сари и Челзи, а италијанските медиуми потврдија дека била договорено спогодбено раскинување на договорот.
Веста доаѓа од трансфер гуруто Алфредо Педула, кој е многу близок до Сари и даваше најточни информации кога менторот се раздели од Наполи за да го преземе Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој објави дека агентот Фали Рамадани имал долг состанок со директорите на Челзи во Лондон, кои се согласиле да го ослободат Сари и спогодбено да го раскинат договорот.
„Состанокот е завршен. Фали Рамадани го напушти Лондон. Преговорите беа позитивни. Челси се согласи да го пушти Сари во Јувентус и така го одржа ветувањето дадено пред мечот во Баку. Рамадани испратил позитивни сигнали до Јуве“, пишува Педула.
Сари веќе има постигнато договор со Јувентус и во наредните денови се очекува да пристигне во Торино на официјална промоција.
Од друга страна Педула тврди дека нов менаџер на Челзи ќе биде клупската легенда Френк Лампард, а како алтернатива се споменува Еспирито Санто.
#Lampard–#Chelsea from 20 days. Next week… Plan B: #Espirito #Santo
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) May 31, 2019