Раководството на ЦСКА Москва и тренерот Димитрис Итудис се договорија за продолжување на соработката и наскоро официјално ќе стават потпис на нов договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Итудис оваа сезона ја предводеше ЦСКА до титулата Европски шампион и веднаш потоа изјави дека е спремен да остане во Москва и да потпише нов договор.
Раководството на кошаркарскиот гигант од Москва е задоволно од неговата работа и му понуди договор ќе биде на две плус една година.
„Димитрис навистина има интерес од клубовите на НБА. Но, тој самиот сака да продолжи да работи во ЦСКА. Навистина ја сака Русија и клубот и е подготвен да продолжи да работи на неговиот развој“, изјави агентот на Итудис, Никос Спанос.