Овие денови во Канада владее голема кошаркарска еуфорија, а причина за тоа секако е пласманот на Торонто во НБА финалето каде што ќе игра против бранителот на трофејот, Голден Стејт.
Прв пат во историјата на НБА се случува клуб од оваа земја да дојде до големото финале. Првиот натпревар од финалето се игра во ноќта која следи во 03:00 часот по наше време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради големата еуфорија која ја зафати Канада билетите за финалето достигнуваат навистина ненормални цени. Билетите за натпреварот кој се игра вечерва достигнуваа цена и до 100.000 долари!
Неверојатно звучи податокот дека со цената за два билети за овој натпревар можете да купите и стан во Торонто. Дури и најефтините билети достигнуваат цена од неколку илјади долари. Вобичаено цените на тие карти е помеѓу 10 и 20 долари, но сега станува збор за финале, па цените доживеаа огромен (дури и тоа е мал збор) скок.
Колкава еуфорија владее во Торонто покажува и податокот дека финалниот натпревар ќе се пренесува во 33 кина во овој град, а таму влезот ќе биде бесплатен.
Навивачите од овој град на овој натпревар гледаат како еден вид на „војна“ помеѓу Канада и САД.