Дома Фудбал Лопетеги се правда: Да имав 12 месеци ќе ги поправев работите во Реал

Лопетеги се правда: Да имав 12 месеци ќе ги поправев работите во Реал

Јулиен Лоптеги во октомври минатата година доби отказ на клупата на Реал Мадрид.

Лопетеги беше отпушен после серијата лоши резултати, а ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ не се поправи ниту после неговото заминување.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сега во интервју за шпанските медиуми Лопетеги порача дека немал доволно време да ја подигне формата на тимот.

„Го превземав тимот после освојувањето на Лигата на шампионите, но овој тим во лигата дури и со Кристиано Роналдо не беше блиску до Барселона и Атлетико во Ла Лига. Знаев дека морам колективно да го подобрам тимот. Имавме заостанување од седум бодови, а потоа дојда три недели во кои имав лоша среќа. Сигурен сум дека да имав 12 месеци ќе ги избалансирав и поправев работите“.

„Се во Мадрид се случуваше многу брзо и се обидовме да бидеме доследни на она што требаше, но немавме време“, смета Лопетеги.

После заминувањето на Лопетеги на клупата на Реал Мадрид седна Сантијаго Солари, а откако ниту тој не успеа да ја подигне формата Перез го врати Зидан кој го водеше клубот во финишот од сезоната. Сепак и со Зидан клубот немаше баш добри резултати и сега следи лето во кое се очекува во Мадрид да видиме голема реконструкција на играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ситуација како на натпреварот Англија – Србија на едно ЕП не се случила 44 години

Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Го…