Младиот фудбалер за врска на Аталанта, Франк Кеси е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А и за него интерес покажуваат многу европски гиганти.
Италијанските медиуми откриваат дека Рома победила во трката за негов потпис и веќе ги одговорила сите детали од трансферот со Аталанта.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Кеси ќе дојде на едногодишна позајмица поради проблемите што римскиот клуб ги има со финансискиот фер-плеј, а во 2018 година автоматски ќе биде потпишан перманентен договор за сума од 28 милиони евра.
Фудбалерот ќе добие годишна плата од 1,4 милиони евра, со клаузула таа расте во наредниот период, во зависност од неговите игри и успесите на тимот и ќе потпише договор до 2022 година.