Дома Фудбал Марсело Биелса останува тренер на Алиоски во Лидс

Марсело Биелса останува тренер на Алиоски во Лидс

Аргентинскиот стратег Марсело Биелса ќе продолжи и следната сезона да биде менаџер на Лидс, иако клубот не избори пласман во Премиер лигата.

Клубот на Алиоски денес и официјално потврди дека Марсело Биелса ставил потпис на нов едногодишен договор.

Лидс имаше одлична сезона, но ја пропушти шансата да се врати во Премиер лигата, откако загуби во плеј-офот од Дерби со вкупни 3:4.

Алиоски и дружината во поголемиот дел од сезоната имаа позиција која дирекно води во елитата, па следната сезона со Биелса на клупата повторно ќе се обидат да обезбедат пласман во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно не брза со потпис во Јунајтед, Милан ја чека својата шанса

Преговорите за нов договор на Фернандеш се во застој, а Милан ја следи ситуацијата и би мо…