Раководството на Манчестер Сити одлучи да го продаде голманот Џо Харт и нема да го праќа на позајмица следната сезона, соопштуваат англиските изданија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џо Харт оваа сезона е на позајмица во Торино каде брани одлично во Серија А, па неколку тимови од Премиер лигата се интересираат за него.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ сигурно ќе го продадат голманот на лето, па дури и ја одредиле неговата цена, а таа изнесува 15 милиони фунти.
Менаџерот на Манчестер Сити, Гвардиола изјави дека иднината на Џо Харт ќе биде одлучена по крајот на сезоната, но јасно е дека англискиот репрезентативец не е во плановите на Шпанецот.