Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба кој минатото лето стана и официјално најскапиот фудбалер во светот ги повика фановите да ја заборават сумата која клубот ја плати за него.
Според Погба луѓето токму поради сумата од него имаат очекувања кави што не би требало да имаат од фудбалер кој игра на неговата позиција.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Луѓето ме осудуваат затоа што не давам голови и не правам некои слични работи. Веќе можат да ја заборават трансферната сума платена за мене, таа е минато. Трансферот е едно, а на теренот е сосема друго. Јас си ја вршам мојата задача која треба да ја прави еден играч за врска, а луѓето мислат дека јас сум напаѓач и дека треба да правам се на теренот“, смета Погба.
„Кога асистирам на некој, а тој не успева да постигне гол, никој не зборува за тоа. Сакаат да давам голови заради трансферната сума. Мојата работа е на средината на теренот, треба да ја градам играта и да правам асистенции. Во моментов се чувствувам одлучно. Тимот игра добро и сакаме да ја освоиме Европа Лигата“, додаде Французинот.