Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората изјави дека само прашање на време е кога ќе игра за тимот кој ќе го тренира италијанскиот стратег Антонио Конте.
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте минатото лето беше заинтересиран да го донесе Мората на „Стенфорд Бриџ“, но трансферот не се реализираше. Меѓутоа 24-годишниот напаѓач не добива шанса во Реал, па медиумите повторно го селат во Челзи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Повеќе менаџери од Премиер лигата ме повикаа во своите клубови. Сепак, Конте е тренер кој најмногу верува во мене, иако никогаш не сме соработувале. Ме сакаше во Јувентус, но замина пред јас да пристигнам. Исто така ме бараше во Челзи минатото лето, ме познава подобро отколку што може да се замисли. Тоа ме мотивира да работам подобро“, изјави Мората.
„Чувствувам дека му должам, бидејќи тој е тренер кој најмногу верува во мене, кој најмногу ме сакаше и уверуваше дека можам да играм на највисоко ниво. Сигурен сум дека порано или подоцна ќе играм за Конте“, заклучи Мората и потврди дека доколку го напушта Реал тоа ќе биде за трансфер во Премиер лигата.