Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Барселона Иван Ракитиќ, пренесуваат шпанските медиуми.
Хрватот дресот на Барселона го носи од 2014 година кога дојде од редовите на Севиља, меѓутоа испаљето од полуфиналето во Лигата на шампионите и катастрофалниот настап кој Ракитиќ го прикажа против Ливерпул, изгледа ќе бидат причина за Хрватот со каталонскиот клуб да се раздели на крајот на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така барем најавуваат медиумите од Шпанија, наведувајќи дека Ракитиќ станал играч кој Каталонците сакаат да го продадат во овој момент, а неколку европски гиганти се заинтересирани за 31-годишниот плејмејкер.
Барселона за неговата слобода бара 55 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен веднаш да ја плати.
Солскјер во Хрватот гледа идеална замена за Ерера, кој го напушти „Олд Трафорд“ и е спремен да му понуди одличен договор на Ракитиќ за да го убеди да го одблече дресот на Манчестер Јунајтед.
https://youtu.be/B-Mv3irSk9Q