Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата.
Милвоки беше конкурентен само пред крајот на првата четвртина кога имаше водство, а потоа следеше серија на домашниот од 13-0, со која се одлепи на 41-31 и цело време ја држеше двоцифрената предност.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Кајл Лаури го предводеше својот тим со 25 поени, Каваи Ленард имаше нешто послаб натпревар со 19 поени, но првата ѕвезда на минатиот дуел одигра цели 52 минути во двојното продолжение.
Јанис Адетокумпо имаше 25 поени и 10 скока за Бакс, додека Крис Мидлтон реализираше 30 поени.