Дома Трансфер зона Пресврт: Ајнтрахт негира договор со Реал за Лука Јовиќ!

Пресврт: Ајнтрахт негира договор со Реал за Лука Јовиќ!

Изминатата недела најугледните светски медиуми пишуваа дека е постигнат договор помеѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт за трансфер на напаѓачот Лука Јовиќ.

Весникот „АС“ тврдеше дека трансферот е договорен и откри дека сумата на зделката ќе изнесува 60 милиони евра од кои 48 ќе завршат на сметата на Ајнтрахт, а 12 кај Бенфика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, денес спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ истакна дека се уште нема договор помеѓу двата клуба.

„Не постои договор помеѓу двата клуба. Она што е точно е дека постојат преговори, но многу клубови се заинтересирани за Лука“, изјави Бобиќ.

Шпанските медиуми тврдат дека Ајнтрахт сака да ја искористи ситуацијата и да извлече што повеќе пари од „кралевите“.

Меѓутоа, самиот фудбалер преферира преселба во Реал Мадрид и веќе има договор со „кралскиот“ клуб за 5-годишна соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Јувентус го руши рекордот на Недвед и заминува?

Дефанзивецот Алекс Сандро по долги години би можел да го напушти Јувентус. Некогаш еден од…