Дома Фудбал Италија Цената на Перишиќ и Икарди драстично намалена после скандалите!

Цената на Перишиќ и Икарди драстично намалена после скандалите!

Скандалите кои се случија оваа сезона околу Мауро Икарди и Иван Перишиќ ќе му донесат финансиски загуби на Интер, пренесува „Газета дело Спорт“.

Двајата фудбалери не се во добри односи и најверојатно ќе го напуштат клубот ова лето. Во зимскиот преоден рок Перишиќ побара трансфер, а раководството му ја одзеде капитенската лента на Мауро Икарди.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Тој потег предизвика вистински скандал, па Икарди цел еден месец одбиваше да тренира со соиграчите и да излезе на терен, па го навлече и гневот на навивачите. Слабата форма на двете ѕвезди се одрази на резултатите на Интер, но и на нивната цена.

Минатото лето цената на Иван Перишиќ изнесуваше 50 милиони евра, но сега од Интер ќе бидат среќни доколку за неговата слобода добијат 30 милиони евра.

Ситуацијата е иста и кај Мауро Икарди, чија цена изнесуваше околу 120 милиони евра, а сега „нероаѕурите“ се спремни да го продадат за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лудо: Останаа без шансн за настап на Светско првенство, па ги обвинија противниците за вуду магија!

Фудбалската репрезентација на Нигерија неочекувано не успеа да се квалификува на Светското…