Експедицијата на Ливерпул пристигна во шпанската Марбела, каде што следните неколку дена ќе има мини подготовки пред финалето во Лигата на Шампионите.
Потсетуваме, Ливерпул во големото финале се пласираше по неверојатниот пресврт против Барселона, а во Мадрид за единаесет дена ќе ги одмери силите против Тотенхем, кој го исфрли Ајакс во полуфиналето. Екипата која од клупата ја предводи Јирген Клоп допатува во Марбела, каде што ќе престојува тука шест дена пред што ќе се пресели во Мадрид каде што ги очекува големото финале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите останаа изненадени кога го видоја списокот на фудбалери кои допатуваа во ова шпанско одморалиште, бидејќи на истата листа се наоѓа Наби Кеита. Кеита се повреди во првиот натпревар од полуфиналето против Барселона и се очекуваше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната. Сепак, неговиот тренер тврди дека Кеита се консултирал со доктор од Швајцарија кој му дал зелено светло за настап во финалето.
Дали Кеита ќе игра во финалето не зависи од него, но навивачите на Ливерпул се секако среќни што Клоп веројатно ќе го има на располагање следната сабота.
Touchdown Marbella ✌️✌️
Six-day #UCLfinal training camp ? pic.twitter.com/iWN2bpxG5R
— Liverpool FC (@LFC) May 21, 2019