Дома Трансфер зона Ајакс потврди: Зијех на чекор од голем трансфер

Ајакс потврди: Зијех на чекор од голем трансфер

Неколку фудбалери на Ајакс ја воодушевија фудбалска Европа оваа сезона, а еден од нив сигурно е и Хаким Зијех.

26-годишниот Мароканец оваа сезона постигна 21 гола и запиша 24 асистенции, но последните информации се дека на лето сигурно ќе го напушти Ајакс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓу заинтересните клубови се Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

„Тој ќе си замине. Кога ќе има нешто ново, сите ќе бидат известени. Зијех ќе си отиде кога ќе добие понуда од некој од најголемите клубови. Така се договоривме со него. Нема да му правиме проблеми кога ќе добие понуда која не се одбива. Интересот за него е голем“, изјави спортскиот директор на Ајакс, Овермарс.

Неговата откупна клаузула е многу ниска, само 25 милиони фунти, па Ајакс знае дека сигурно ќе го загуби играчот ова лето.

https://youtu.be/TeHhsj16Ruc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…