Лионел Меси на гала вечерта во Барселона го доби крстот на Светиот Јурј, најголемото признание на Владата на Калонија кое се доделува од 1981 година.
На првата ѕвезда на Барселона наградата му ја предаде каталонскиот претседател Ким Тора, а Меси така стана само вториот фудбалер после Јохан Кројф кој го добил ова престижно признание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси го освои поради спортските достигнувања, хуманитарната работа и доприносот во каталонското друштво.
Меѓутоа откако го доби големото признание Меси тоа исто каталонско друштво го разочара со своето однесување.
Кремот на каталонското друштво ја искористи оваа свеченост за да испрати уште една порака до Мадрид и започнаа со скандирање „слобода за политичките затвореници“ (уапсените поради борбата за независност на Каталонија). Скандирањето беше проследено и со аплаудирање.
Додека сите околу него во салата аплаудираа и скандираа Меси беше единствен кој не го правеше тоа.
Поради тоа што стоеше на подимот таквата реакција на Меси беше забележителна.
?? ¡LO MÁS VIRAL! MESSI SE NIEGA A APLAUDIR los cánticos de "¡LIBERTAD! ¡PRESOS POLÍTICOS!" en la gala de la CREU DE SANT JORDI. #ChiringuitoMessi pic.twitter.com/ft4ME86Fsz
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 16, 2019