Дома Останати Кошарка Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ денеска беше избран за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.

Антиќ кој беше предложен од 15 членки, а поддржан речиси од сите ќе биде деветиот претседател на МКФ.

Новиот претседател побара дополнителни 15 дена за формирање на Управниот одбор и Надзорниот одбор.

Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клоп не очекува повеќе титули по пресудата за Манчестер Сити

Јирген Клоп не очекува да добие повеќе титули ретроспективно по пресудата за Манчестер Сит…