Жозе Мурињо најави враќање на тренерската работа во текот на летото.
Иако португалскиот стратег се поврзува со многубројни клубови, се уште не е познато каде ќе го продолжи својот тренерски пат кој го прекина во декември минатата година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тогаш Манчестер Јунајтед го отпушти поради слабите резултати. Една од можните наредни дестинација на Мурињо е Пари Сен Жермен.
Сега Мурињо привлече внимание со интервјуто за „Л’Eкип“ во кое испрати огромни пофалби на сметка на клубот од Париз. Голем дел од спортските медиуми овие пофалби на Мурињо ги протоколкуваа како најава на Португалецот дека ќе седне на тренерското столче во Париз.
„ПСЖ денес е клуб со интернационална димензија имаат играчи од светска класа. Се уште не освоија ништо во Европа, но тоа не е толку важно. Би ги споредил со менаџерите кои имаат голем квалитет, но не освоиле ништо во Европа и тоа им недостига. Во Франција осцојуваат, како Јувентус или Баерн во своите земји“, истакна Мурињо.
Потоа зборуваше за елиминацијата на ПСЖ од Јунајтед.
„Не сакаме премногу да објаснувам, но сметам дека знам зошто испаднаа. Меѓутоа сега нема да правам јавни анализи“, истакна Мурињо.
Ќе потсетиме медиумите во Франција неколку дена наназад пишуваат за тоа дека раководството на ПСЖ не е задоволно од Томас Тухел и најавуваат промени на клупата.