„Њујорк Тајмс“ вчера ја разбранува јавноста со информацијата за можното исфрлање на Манчестер Сити од Лигата на шампионите поради кршењето на правилата на финансискиот фер-плеј.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ново-стариот шампион на Англија тврди дека има цврсти докази за невиноста и ќе ги достави пред органите кои се занимаваат со почитувањето на правилата на ФФП и се очекува „граѓаните“ да земат став во претстојната дисциплинска постапка.
Денес од англискиот клуб се огласија со официјално соопштение.
„Манчестер Сити во целост добронамерно соработува со истрагата која ја водат надлежните органи. Нашиот клуб верува во независноста и непристрасноста во процесот и не сакаме повеќе ништо да коментираме додека постапката е во тек. Текстот на „Њујорк Тајмс“ во кој „цитира луѓе блиски на случајот“ е загрижувачки затоа што имплицира дека не стои наша желба за соработка. Тоа би можело да влијае на клупската репутација и комерцијалните интереси, можеби и на двете истовремено. Обвиненијата за финансиските неправилности за работењето на нашиот клуб во целост се лажни и доказите се веќе испратени во одборот за контрола на почитување на правилата на ФФП“, стои во соопштението на Манчестер Сити.
Истовремено од УЕФА одбија да дадат било каков коментар и потврдија дека постапката против Манчестер Сити е во тек.