Во експлозија близу автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд повреден е шпанскиот играч Марк Бартра, пренесуваат германските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањата на социјалните мрежи, експлозијата која го погодила тимскиот автобус на Борусија Дортмунд се случила на некои десет километри од стадионот „Вестфален“, и од скршеното стакло бил повреден еден играч на клубот, односно Шпанецот Марк Бартра.
Популарните „милионери“ во вторникот вечерта требаше да го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против францускиот клуб Монако, но сега натпреварот и официјално е откажан.