Италијанските медиуми пренесуваат дека новото раководство на Милан спрема големи засилувања за следната сезона, а главни мети ќе бидат двајца шпански репрезентативци.
Имено, новиот директор Марко Фасоне како приоритет го постави донесувањето на еден врвен напаѓач и еден играч за врска од светска класа, а главни мети се Алваро Мората од Реал Мадрид и Цеск Фабрегас од Челзи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Мората би требало да го комплетира шпанскоти трио на „Сан Сиро“ заедно со Деулофеу и Сусо кои играат одлично оваа сезона за „росонерите“. Милан ќе се обиде да го откупи Деулофеу од Барселона и наводно веќе има договор со каталонскиот клуб.
Притоа, Цеск Фабрегас веќе подолго време е цел на Милан, а со оглед на фактот дека Шпанецот сигурно ќе ја промени средината ова лето, овој трансфер е многу полесно остварлив.