Ливерпул и Тотенхем ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на шампионите.
Последниот натпревар од елитното европско натпреварување ќе се одигра во Мадрид на 1-ви јуни, а покрај високите влезници навивачите ќе мораат да издвојат и голема сума на пари за самото одење до Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од завршувањето на полуфиналето авионските карти за директни летови до Мадрид за ден на финалето достигнуваат цена од 1.300 фунти. Голем број од картите за Мадрид се веќе распродадени, а тие што останале се навистина скапи. Картата во еден правец за ден пред натпреварот има цена од 750 фунти.
Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам напиша твит посветен за компанијата „Easylet“ и ситуацијата ја нарече безобразна.
„Да се подигне цената на повратните летови за 683% е чисти профит од ентузијазмот на фудбалските навивачи“.
Од компанијата порачаа дека таквото подигнување на цените е природно во однос на понудата.
Секако навивачите можат да побараат и други летови, како чартер.
Компанијата „Тhomas Cook Sports“ ќе организира летови за навивачите на Ливерпул кои имаат карти за финалето, а нивната цена ќе биде 559 фунти по човек. Други компании исто така ќе овозможат летови за Мадрид за оние кои немаат карти, но и тоа нема да биде ефтино. Моменталната цена изнесува околу 650 фунти по човек.