Дома Фудбал Останато Oва е научна фантастика: Мурињо понуден во клуб кај што никој не може да го замисли!

Oва е научна фантастика: Мурињо понуден во клуб кај што никој не може да го замисли!

mourinho

Италијанските медиуми пласираа интересна информација.

Тимот на Јувентус како што сега стојат работите во новата сезона ќе влезе со нов тренер, Алегри како што се најавува ќе си замине после завршувањето на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес медиумите во Италија пишуваат дека познатиот агент кој сорабутваше со Јувентус при трансферот на Роналдо минатото лето, Жорге Мендеш на Јувентус му го понудил Жозе Мурињо.

Меѓутоа од Јувентус без размислување ја одбиле таквата опција.

„Старата дама“ не ги доведува во прашање квалитетите на Мурињо, Португалецот бил одбиен поради тоа што никој во клубот не може да замисли еден човек кој е симбол на Интер и кој многу пати ги провоцираше да биде нивни тренер.

Се уште се свежи сеќавањата на она што го направи Мурињо кога со Манчестер Јунајтед оваа сезона го победи Јувентус во Лигата на шампионите.

Мурињо во никој случај не е опција, „Скај Спорт“ вчера пишуваше дека Антонио Конте се договорил со Интер, па во овој момент не може да се претпостави што ќе биде со клупата на Јувентус.

Одговорот го има само Ањели, а јавноста ќе го дознае веројатно за околу еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…