Дома Фудбал Англија Ако Ливерпул стане шампион на Англија ќе слави со „лажен“ пехар

Ако Ливерпул стане шампион на Англија ќе слави со „лажен“ пехар

Една од најинтересните сезони во Премиер лигата доаѓа до самата завршница, овој викенд се играат последните 90 минути во кои и ќе го добиеме новиот шампион на Англија.

Манчестер Сити и Ливерпул ја водат една од највозбудливите трки за шампионскиот пехар. Сити во последното коло влегува како лидер со 95 освоени бодови, додека Ливерпул е второпласиран со 94.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ако Ливерпул слави против Вулвс овој викенд ќе дојде до бројката од 97 бодови и неверојатен е податокот што и покрај толку освоени бодови можат да  останат со празни раце.

Иако шансите дека „граѓаните“ ќе си дозволат кикс против Брајтон се навистина мали за секој случај се подготвува и славје на „Енфилд“.

Во случај да се случи чудо и Манчестер Сити да не го победи Брајтон, а Ливерпул слави против Вулвс тогаш „црвените“ на „Енфилд“ ќе ја прославуваат титулата со пехар кој ќе биде копија на оргиналот.

Оргиналниот пехар цела година е во сопственост на Сити и сега ќе биде преселен во Брајтон каде што „граѓаните“ ќе се подготвуваат одбрана на трофејот.

Значи оригиналниот трофеј бидејќи е во сопственост на Сити ќе биде на нивниот натпревар, додека во Ливерпул како што кажавме ќе има „лажен“ пехар и ќе се чека расплетот.

Ќе потсетиме Ливерпул на шампионски трофеј во Премиер лигата чека уште од 1990 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…