Ајнтрахт вчера на несреќен начин после пенал рулетот беше поразен од Челзи во Лигата на Европа и оваа за нив одлична евро сезона ја завршија во полуфиналето од второто по ранг европско натпреварување.
Гостите се покажаа како еден храбар тим кој неслучајно дојде до оваа фаза од натпреварување, но Челзи во пенал серијата на голот го имаше одличниот Кепа кој им обезбеди финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајнтрахт до изедначување стигна со голот во второто полувреме, а беше дело на најдобриот играч на овој тим Лука Јовиќ кој се очекува ова лето да направи голем трансфер, најверојатно во Реал Мадрид.
При постигнувањето на неговиот гол беше забележана една интересна ситуација. Имено, Хрватот Анте Ребиќ толку многу верува во голгетерските способности на Јовиќ што започна да слави уште пред топката да стигне до Јовиќ.
Ante Rebic knew Luka Jovic was going to score before he did ?#CHEFRA pic.twitter.com/yhCMScjj0T
— Goal (@goal) May 9, 2019