Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер е многу активен на социјалните мрежи каде што редовно има генијални објави.
Челзи вчера финалето го обезбеди на еден начин кој не е баш својствен за Англичаните. Имено, Англичаните секогаш имале проблем во пенал серијата. Репрезентацијата на Англија на СП во Русија успеа за прв пат да победи во еден пенал-рулет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Челзи вчера тоа му успеа, а она што е уште поинтересно го направија тоа против германски тим, Германците се познати како мајстори за решавање на драматични ситуации, но вчера се радуваа Англичаните.
Вчерашната драма во пенал серијата дојде шалг на тортата после двете спектакуларни вечери во Лигата на шампионите во кои големи пресврти направија екипите на Ливерпул и Тотенхем.
Финале на помирен начин обезбеди само Арсенал кој во двата натпревари ја победи Валенсија.
Гери Линекер оваа луда недела во фудбалска Европа ја опиша во една реченица.
„Оваа недела е толку неверојатна што англиски тим успеа да победи Германци на пенали. Честитки за Челзи“, гласеше пораката на Линкер преку неговиот Твитер профил.
This week has been so utterly bonkers that an English side has beaten a German team in a penalty shoot-out. Congratulations @ChelseaFC
— Gary Lineker (@GaryLineker) May 9, 2019
Меѓуто од Челзи го потсети и на победата на „сините“ на пенали против Баерн Минхен.
Thanks Gary. What were you worried about? pic.twitter.com/MoDNfbBR9Z
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 9, 2019