Тимот на Тотенхем се пласираше во финалето од Лигата на шампионите после неверојатниот пресврт во Амстердам.
Лондонскиот клуб победи со 3:2 иако на полувреме губеше со 0:2. Во пласманот на Тотенхем ретко кој веруваше после вчерашното прво полувреме, но гостите во вторите 45 минути направија чудо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Големи пофалби заслужува и Маурисио Покетино кој со тренерските потези го покажа своето знаење, а на крајот и заплака од среќа.
Фотографијата со расплаканиот Покетино го обиколи светот, а свој коментар имаше и Жозе Мурињо.
„Тренерите по принцип се осамени луѓе, бидејќи фудбалот им зема голем дал од нивното време. Ова беше одличен начин да му покаже на светот, дека за нас тренерите вакви натпревари значат многу повеќе, отколку за обичните фанови“, истакна Мурињо.
Тотенхем во финалето ќе игра против Ливерпул, кој исто така имаше историска ноќ и ја победи Барселона со 4:0.
„Имам сериозен проблем за финалето, зошто многу ми се допаѓа Маурисио, но и Јирген Клоп. И двајцата заслужуваат да го освојат овој трофеј, мислам дека ќе биде фантастичен меч“, заклучи Мурињо.