Дома Фудбал Останато Зидан донел одука: Со драстична казна сака да го казни Герет Бејл

Зидан донел одука: Со драстична казна сака да го казни Герет Бејл

Герет Бејл е на излезни врати од Реал Мадрид и Зинедин Зидан не мисли повеќе да троши време на него.

Шпанците со задоволство уште во првата прилика сакаат да се ослободат од него, но проблем е платата. Бејл има примања од 30 милиони евра годишно и никој не сака толку да плати, па најсериозни се Кинезите, бијдеќи за нив парите се споредна работа.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Доколку 29-годишниот Бејл ги одибе Кинезите или некоја друга понуда која пристигне во Мадрид, Зидан и Реал планираат да го „замрзнат“ во У-23 екипата на Реал, пишува „Daily Mail“. Така Бејл би бил далеку од соблекувалната, тренинзите и натпреварите од првиот состав, со што Зидан со драстичен потег би се ослободил од него.

Зидан инаку го отпиша Бејл по неодамнешниот пораз против Рајо Ваљекано. Бејл побегна со приватен авион наместо да се врати во Валдебебас со колегите и тоа беше клучната работа во нивниот однос. Сега Французинот е подготвен да направи чекор понатаму, само за да се ослободи од Велшанецот. Доколку се прашува Бејл, тој би останал и понатаму во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …