Фудбалерите на Барселона вчера доживеаа шокантен пораз на „Енфилд“ од Ливерпул (4:0) и не успеаа да се пласираат во финалето од Лигата на шампионите.
Барселона во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите пред седум дена на свој терен го победи Ливерпул со 3:0 и многумина ги сметаа за финалисти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Ливерпул со фантастична игра успеа да ја надополни таа негатива и заслужено да се пласира во финалето.
Играчите на каталонскиот клуб беа очајни откако судија означи крај на натпреварот и побрзаа во соблекувалната. Помал број од фудбалерите на Барселона им честитаа на противниците, а само двајца ги поздравија навивачите.
Барселона имаше поддршка од околу 2800 навивачи на „Енфилд“ кои револтирани го напуштија стадион. Освен очајната игра една од причините беше тоа што играчите не ги поздравија туку само побегнаа во соблекувалната.
„Мундо Депортиво“ пишува дека само двајца играчи на Барса застанале пред трибината на која биле сместени фановите на каталонскиот клуб. Тоа биле Серхио Бускетс и Марк-Андре Тер Штеген.