Дома Фудбал Роналдо е „крал“ на Лигата на шампионите: Погледнете ја оваа доминација во однос на Меси!

Роналдо е „крал“ на Лигата на шампионите: Погледнете ја оваа доминација во однос на Меси!

Ливерпул вчера направи историски подвиг и после поразот во првиот натпревар од 3:0 ја елиминираше Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Првиот финалист е познат, а вечерва ќе дознаеме против кого ќе игра Ливерпул.

Денес беше објавена и информација за најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во рамките од четвртфиналето, полуфиналето и финалето од Лигата на шампионите.

Прв на оваа листа е Кристиано Роналдо со неверојатни бројки. Имено, тој постигнал 41 погодок во овие фази од најелитното европско натпреварување.

Колку е доминантен покажува и фактот што Лионел Меси е втор со само 16 голови. На третото место е Раул Гонзалез со 13 постигнати голови, четврти е Филипо Инзаги со 13, а исто толку има и Андреј Шевченко.

На Роналдо навистина треба да му се честита на оваа доминација бидејќи има 25 голови повеќе од најблискиот конкуренти, посебно ако знаеме дека тоа е Лионел Меси.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс и Њукасл го следат Рудони: Три гола го ставија во трансфер-фокусот

Џек Рудони привлече внимание со настапите за Ковентри, а покрај Лидс и Њукасл, неговиот на…