Тео Ернандез е играч на Атлетико Мадрид кој оваа сезона игра на позајмица во Алавес и за него силен интерес покажуваат двата најголеми шпански клуба, Реал Мадрид и Барселона.
Ернандез во договорот со „јорганџиите“ има откупна клаузула од 24 милиони евра, па Атлетико Мадрид не се прашува ништо околу неговиот трансфер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија минатата недела тврдеа дека Реал Мадрид практично го договорил трансферот, но сега се појави и Барселона.
И двата клуба се спремни да ја платат откупната клаузула за 20-годишниот лев бек, па сега играчот сам треба да одбере каде ќе ја продолжи кариерата.
Шпанските медиуми тврдат дека неговиот менаџер Мануел Гарсија Килон има големо влијание врз играчот и сака да го види во Барселона.
Останува да видиме кој од двата најголеми шпански клуба ќе успее да ја добие битката околу неговиот потпис.