Дома Трансфер зона Дортмунд потврди: Обамејанг може во Реал или Барса, никако во Баерн!

Дортмунд потврди: Обамејанг може во Реал или Барса, никако во Баерн!

Иднината на Пјер Емерик Обамејанг е главна тема во медиумите веќе подолго време бидејќи голема е веројатноста напаѓачот да ги напушти „милионерите“ ова лето.

Извршниот директор на Борусија, Јоаким Вацке веле дека Обамејанг може да се пресели во Реал Мадрид или Барселона, но не постојат никакви шанси да биде продаден во Баерн Минхен.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мислам дека ќе остане во Борусија, но доколку Реал или Барселона испратат богата понуда тогаш ќе размислиме. Тоа се единствените два клуба за кои Обамејанг може да ја напушти Борусија бидејќи не постои никаква шанса да го продадеме во Баерн“, изјави Вацке.

Обамејанг простигна во Дортмунд во 2013 година каде се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот и на 178 натпревари постигна 112 гола.

За него интерес покрај споменатите клубови покажуваат неколку клубови од Англија и Милан, а неговата цена изнесува околу 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …