Дома Фудбал Лига на шампиони „Енфилд е место каде се прават чуда, но овој пресврт има само едно име – Јирген Клоп“

„Енфилд е место каде се прават чуда, но овој пресврт има само едно име – Јирген Клоп“

Жозе Мурињо е воодушевен од она што екипата на Ливерпул го направи против Барселона.

Црвените направија чудо на Енфилд. Славеа со 4:0 и се пласираа во големото финале, каде никој не ги гледаше после поразот во првиот натпревар од 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот ривал на Ливерпул кој често знаеше да им го расипува расположението, пред се кога го водеше Челси, Жозе Мурињо е воодушевен од пресвртот против Барса.

Тој во коментар за beIN Sports беше фасциниран од она што го направија.

„Не го очекував ова. Реков дека ништо не е невозможно, но Енфилд е место каде невозможното станува возможно. Морам да кажам дека овој пресврт има само едно име – Јирген Клоп. Овде не се зборува за тактика, филозофија, ова е срце и душа и фантастична емпатија која ја креирал меѓу играчите.“ – изјави Мурињо и додаде:

„Можеа лесно да ја завршат оваа фантастична сезона без трофеј, а сега се на чекор да станат европски прваци. Мислам дека Јирген тоа го заслужува. Работата која ја работи во Ливерпул е фантастична и ова е поради него. Ова е одраз на неговата личност, дух. Не се жали што му недостигаа играчи, не се жали зошто играат 60 натпревари во сезоната. Други тренери тоа го работат и плачат поради 45 натпревари во сезона. Ова се е поради менталитетот на Јирген.“

„Енфилд е магично место. Тука можеш да постигнеш погодок и без играч, како што тоа се случи во сезоната 2004/05 кога Луис Гарсија не постигна погодок, туку публиката.“ – истакна Мурињо алудирајќи на чудниот погодок кој тогаш го елиминира неговиот Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…