Дома Фудбал Останато Големиот гест на Меси: Изгубивме 8:0, а тогаш се појави тој со полна вреќа дресови

Големиот гест на Меси: Изгубивме 8:0, а тогаш се појави тој со полна вреќа дресови

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фабијан Варгас раскажа анегдота која се случила пред девет години после натпреварот од првенството помеѓу Алемрија и Барселона.

Меси, Иниеста и друштвот потигнаа осум гола и Варгас заборавил на гестот кој го побарал пред почетокот на натпреварот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Имено, тој побарал потпишани дресови од Меси и ѕвездите на Барселона за да ги испрати на аукција на која се собирало пари после големите поплави во таа земја.

„Се припремав за аукцијата, за среќа игравме против Барселона и тоа го искористив за да го прашам Лео и останатите за дресови“, започна Варгас.

„Разговаравме пред почетокот на натпреварот и ми кажа дека нема проблем, но ние изгубивме со 8:0 и јас бев бесен и побрзав во соблекувалната. Кога веќе стигнав таму ме побара еден човек од нашиот клуб и ми кажа дека ме бара Меси и дека ќе ме чека пред соблекувалната“, откри Варгас.
Меси се појавил со вреќа потпишани дресови.

„Ова е со што успеав да соберам. Имаше вреќа во која беа повеќе потпишани дресови вклучувајќи ги и оние на Чави, Иниеста, Алвес, Пике, Пујол…Никогаш нема да му го заборавам тој гест. Затоа секогаш навивам за него и сакам да ги сруши сите рекорди“, порача поранешниот колумбиски фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…