Дома Фудбал Останато Компани беше многу среќен поради победата, а потоа една ситница му ја расипа прославата

Компани беше многу среќен поради победата, а потоа една ситница му ја расипа прославата

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Винсент Компани синоќа го постигна еден од најважните голови во кариерата.

Неговиот тим го победи Лестер Сити со 1:0 во рамките на 36. коло од Премиер лигата, а Компани постигна одличен гол од околу 20 метри. По натпреварот пушти и некоја солза од радост, но неговата прослава не траеше баш долго, бидејќи мораше да оди на допинг тест.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Тој и уште неколку фудбалери беа одведени во посебна просторија за да направат допинг тест, па сигурно дека малку му ја скрати прославата на Компани кој беше многу среќен поради победата. Се разбира, вистинската прослава на Сити следува во недела, доколку екипата победи во гости против Брајтон и ја освои титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вистинско мало чудо во Турција: Клубот кој беше уништен од земјотресот по 60 порази првпат освои бод!

До неодамна, најслабиот клуб во Европа беше во Турција, а тоа е тимот Јени Малатијаспор ко…