Дома Фудбал Италија Гатузо за случајот „Бакајоко“: Ќе зборувам на свој јазик кога камерите нема да бидат вклучени

Гатузо за случајот „Бакајоко“: Ќе зборувам на свој јазик кога камерите нема да бидат вклучени

После победата на Милан над Болоња сите со нетрпение ја чекаа изјавата на Џенаро Гатузо.

Милан вчера на свој терен ја совлада Болоња со 2:1 и така ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите, но сенка на победата фрли постапката на Бакајоко кој одби да влезе во игра после повредатан а Лукас Биља, а освен тоа и навредливо му се обрати на својот терен (тука).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гатузо тогаш мораше да ја промени својата одлука и на терен го испрати Хозе Маури. Сите се прашуваа како темпераментниот тренер ќе реагира после таквиот однос на неговиот фудбалер.

После натпреварот Гатузо откри какви му се плановите во случајот „Бакајоко“.

„Играчите можат да ми кажат било што, но најважно е да не им недостига почит кон соиграчите и атмосферата во соблекувалната. Во овој момент имаме други приоритети. Ќе видиме на крајот од сезоната, како школски извештај, кој се однесувал добро, а кој лошо. Секој може да ме навредува од страна, но ќе се сретнеме во четири ѕида и ќе ме гледа во очи“.

„Сакам ова да го средам во соблекувалната и да зборувам на свој јазик тоа не можам да го правам кога камерите се вклучени. Мораме да се фокусираме на натпреварите и да не губиме време на други прашања“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…