Oсман Дембеле во саботата во натпреварот на Барселона против Селта мораше да го напушти теренот уште во шестата минута.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дембеле беше една од ретките вистински ѕвезди кои играа за Барселоа против Селта во натпреварот во кој каталонскиот тим изгуби со 2:0.
Играчот на Барселона нема да биде на располагање на Валверде неколку недели и ќе го пропушти финалето од Купот на кралот против Валенсија на 25-ти мај.
Од доаѓањето во Барселона летото 2017 година тој пропушти околу 36 натпревари поради повреда.
Тоа е околу третина од натпреварите кои Барселона ги имаше овие две сезони што е многу со оглед на тоа дека каталонскиот клуб за него плаќа околу 30 милиони евра по сезона вклучувајќи ја неговата плата и годишните трошкови како бонуси за трансферот.
Дембеле се повреди веднаш после доаѓањето, тој претрпе повреда на тетивата на левата нога, што го одалечи од терените три ипол месеци.
Имаше и уште четири повреди на мускулот и истегнувања на зголобот од тогаш. Не е јасно што предизвика Дембеле да биде толку склон кон повреди, некои мислат дека неговиот начин на живот може да биде причина за тоа.