Дома Фудбал Зидан проговори за ситуацијата на Бејл

Зидан проговори за ситуацијата на Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го остави надвор од групата фудбалери Герет Бејл за дуелот против Виљареал викендов во Примера.

После мечот Зидан негираше дека со тоа му испратил порака на велшкиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарите побараа објаснување од Зидан зошто тој не се најде во комбинација за овој дуел, односно дали е ова директна порака до него оти е слободен да си најде друга средина.

„Морав да изберам тим и тоа е тоа. Дали е порака до него? Не, интерпретирајте ја како што сакате. Јас морав да изберам тим, нема ништо повеќе од тоа“, порача Зидан.

Во меѓувреме се погласни се шпекулациите дека Бејл ова лето ќе го напушти Реал Мадрид бидејќи тренерот Зидан не смета на него.

Интерес за Велшанецот покажуваат клубовите од Премиер лигата како и Баерн Минхен, па готово сигурно ова е неговата последна сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…