Дома Топ вести Чистка во Интер: Седум фудбалери ги пакуваат куферите

Чистка во Интер: Седум фудбалери ги пакуваат куферите

Фудбалерите на Интер се на добар пат да обезбдат пласман во Лигата на шампиони, што беше главна цела на „нероаѕурите“ оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, раководството на миланскиот гигант спрема сериозна реконструкција на тимот на лето, со цел да создаде посилен тим кој ќе биде конкурентен во борбата за Скудето, но и подобар пласман во ЛШ.

Неодамна од клубот потврдија дека и следната сезона на клупата ќе седи Лучијано Спалети, а тренерот веќе го известил раковдството на кои фудбалери нема да смета следната сезона.

Неколку фудбалери се слободни да го напуштат клубот и тоа: Кеита Балде, Антонио Кандрева, Сердик, Борха Валеро, Гаглиардини, Жоао Мариод и Далберт.

Треба да се додаде дека Кеита и Сердик се на позајмица и нема да бидат откупени, а за сите останати Интер се надева да заработи одредена сума на пари.

Секако, неизвесна е иднината и на Мауро Икарди, кој многу веројатно ќе го напушти клубот. Се уште се шпекулира за можна трампа со Пауло Дибала, но „нероаѕурите“ се спремни да го продадат доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…