Дома Фудбал Лига на шампиони И Барса ослабена доаѓа на „Енфилд“

И Барса ослабена доаѓа на „Енфилд“

Ливерпул ја продолжи борбата со Сити, играчите на Клоп со малку потешкотии успеаа да го победат Њукасл со 3:2.

Победата би можела скапо да биде платена, на средината од второто полувреме натпреварот го напушти Салах, најдобриот играч на Ливерпул сепак е во конкуренција за реваншот од полуфиналето против Барселона во Лигата на Шампионите.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Роберто Фирмино сигурно ќе го пропушти дуелот со Барселона, додека кај шпанските гости извесно е дека на „Енфилд“ нема да истрча Осман Дембеле. Младиот француски играч ја дожвиеа својата трета повреда оваа сезона во натпреварот против Селта Виго на почетокот од првото полувреме така да сигурно нема да игра на претстојниот натпревар.

За сега големи кадровски проблеми на двете страни, единствено останува да видиме дали Ливеупул ќе остане без своето второ име во своето одлично напаѓачко трио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поранешниот селектор на Германија може да седне на клупата на репрезентација на која никој не очекува!

Легендарниот германски тренер Јоаким Лев е без ангажман од Европското првенство во 2021 го…