Дома Трансфер зона Капитенот порача: Гризман е добредојден во Реал Мадрид!

Капитенот порача: Гризман е добредојден во Реал Мадрид!

Иднината на Антоан Гризман е главна тема во спортските медиуми веќе подолго време, бидејќи неколку европски гиганти се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неодамна неговиот агент призна дека добил понуди од пет европски клуба, а викендов еминентниот француски весник „Екип“ пренесе дека Реал Мадрид има таен план како да го донесе Гризман на „Сантиаго Беранбеу“.

По повод ваквите тврдења се огласи и капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос, кој истакна дека Французинот е добредојден на Бернабеу.

„Ќе видиме, вакви трансфери ги полнат насловните страници, тој е одличен фудбалер кој се докажува со години. Реал Мадрид секогаш ги отвара вратите за големите фудбалери“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…