Aктуелниот светски шампион и возач на Респол Хонда, Марк Маркез победи денес на трката во Мото ГП за Големата награда на Шпанија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Домашниот возач уште на почетокот го превзема водството од Фабио Квартаро од Јамаха, водеше од почетокот до крајот и оствари победа со резултат од 41 минута и 08.685 секунди.
Второто место го освои Алекс Ринс од Сузуки со заостанување од 1.654 секунди, а трет беше возачот на Јамаха Маверик Вињалес со 2.443 секунди заостанување.
Петкратниот светски шампион сега е прв во генералниот пласман со бод помалу од Рунс, додека на третото место е Андреа Довициозо од Дукати откако денешната трка ја заврши на четвртата позиција.
Седумкратниот светски шампион, Валентино Роси трката ја заврши како шести, а во генералниот пласман е четврти со 61 бод.
Наредната трка во шампионатот се вози за две недели во Ле Ман за Големата награда на Франција.
That was a major statement from @marcmarquez93! ?
The @HRC_MotoGP rider is back on top of the championship! ?#SpanishGP ?? pic.twitter.com/U8Y4AqYAXV
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) May 5, 2019