Дома Моторспорт Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Марк Маркез заокружи една декада доминација на ГН на Германија, откако попладнево се радуваше на 10-та победа во низа во Заксенринг.

Шпанецот лесно стигна до триумф во Заксенринг а неговите ривали за титулата се мачеа.

Втор на целта беше Маверик Виналес од Јамаха, додека со третото место се задоволи Кал Крачлоу од Хонда.

Легендата Валентино Роси трката ја заврши на осмото место со 11 секунди заостанување зад Маркез, кој со оваа победа освои уште 25 поени и го зацврсти првото место на генералниот пласман пред Довициозо, кој денеска се пласираше на петтото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 и „Лајка“ со фотоапарат од 7.300 фунти: Тркачки детали за скап кадар

Специјалниот Leica Q3 43 Formula 1 Edition доби карбонски елементи и дизајн инспириран од …