Дома Топ вести Солкјер ја пронајде замената за Лукаку

Солкјер ја пронајде замената за Лукаку

Без разлика на исходот на сезоната, сигурно е дека на лето ќе има големи промени на тимот во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер дал зелено светло за продажба на Ромелу Лукаку и Манчестер Јунајтед е спремен да ги слушне понудите за белгискиот репрезентативец.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Лукаку падна во сенка на Маркус Рашфорд, Солскјер едноставно преферира друг тим на напаѓачи и планира со неговата продажба да го зголеми буџетот за доведување на крилен напаѓач.

Англиските медиуми пренесуваат дека замената за Лукаку, Солскјер ја нашол во Франција, а станува збор за младиот напаѓач на Лион, Муса Дембеле.

Поранешниот член на Фулам и Селтик, има одлична прва сезона во дресот на Лион во која постигна вкупно 21 погодок и зашиша шест асистенции.

Тој не е класичен шпиц туку токму она што Солскјер го бара, подвижен напаѓач кој може да игра на повеќе позиции, а за неговиот потпис „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја „краде“ најголемата желба на Милан

Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Манчестер Јунајтед е блиску …