Манчестер Сити одлучи сепак да вложи пари на засилувања во летниот трансфер период.
Како и претходните години, тренерот Пеп Гвардиола има пари колку што сака за нови фудбалери, а спортскиот директор на тимот во тишина завршува голема работа. Португалските медиуми објавија денеска дека спортскиот директор на Сити се сретнал со родителите на големата надеж на португалскиот фудбалер, Жоао Феликс.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
Состанокот е одржан во една од кабините на стадионот на Бенфика. Единствена тема била евентуален трансфер во Манчестер Сити. Феликс е огромна желба на Гвардиола и „Граѓаните“ немаат ништо против да издвојат големи пари за младиот напаѓач. Бенфика бара голема сума за 19-годишниот Феликс. Се споменува сума од 120 милиони евра, но за Сити никогаш тоа не било проблем, особено кога станува збор за голем талент на европскиот фудбал.
Овој играч е желба на многу европски гиганти. Сепак, се шпекулира дека Реал Мадрид се откажал од борбата за неговиот потпис поради големата цена, исто како и Јувентус. Меѓутоа, португалските медиуми сега тврдат дека Манчестер Сити е подготвен ова лето да ја исплати неговата огромна откупна клаузула и да го доведе во своите редови. Договорот на Феликс со Бенфика трае до летото 2023. година.
Жоао Феликс оваа сезона одигра 40 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, постигна 18 гола и запиша 11 асистенции.